14 мај 2025 г.
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА
АЛКАЛОИД АД Скопје, на 14.5.2025 година, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2024 година. Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во АЛКАЛОИД им се исплатува дивиденда за 2024 година во висина од 567,00 денари нето, односно 630,00 денари бруто за една акција.
Дивидендата, која акционерите на АЛКАЛОИД ја добиваат за 2024 година, е за 16,67% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2023 година на нето-основа.
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Fmk-logo.ad91bde9.jpg&w=640&q=75)