ЧЕТИРИ ГОДИНИ СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО НА „АЛКАЛОИД“ И СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

Hero Slide
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Главната цел на Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет, најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД вредна 3,1 милиони евра, е обезбедување највисоко ниво на контрола на микробиолошкиот квалитет на суровините, примарната амбалажа, полупроизводите и на готовите производи.

Hero Slide
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава.

Hero Slide
ФОНДАЦИЈАТА ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.


Hero Slide
ГОЛЕМИТЕ ПРИКАЗНИ НА МАЛИТЕ ХЕРОИ – БЕКУТАН Конференција по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња
Преку искрени сведоштва и инспиративни разговори, експерти, родители и јавни личности испратија единствена порака: грижата за предвремено родените бебиња не е само медицински процес – тоа е животна мисија исполнета со храброст, надеж и со безрезервна љубов.
Hero Slide

ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИИТЕ


АЛК
arrow

Податоци за акциите

Цена *

25,603.21

Промена *

0.17%

Извор: mse.mk *10 минути задоцнување на резултатите

ВЕСТИ


Rezultati od rabotenjeto_januari_septemvri 2025 godina-03.jpg

АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – септември 2025 година

Прочитај повеќе

АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – март 2025 година

Прочитај повеќе

АЛКАЛОИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД ШТИП ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Прочитај повеќе

Успешната приказна на „Алкалоид“ пред новите студенти по фармација на УКИМ

Прочитај повеќе

Производи

ФАРМАЦИЈА

Луѓето градат високо - за да можат да гледаат подалеку.
Луѓето градат заедно - за да можат да бидат поблиски.
Луѓето градат цврсто - за да можат да се чувствуваат. побезбедно. Ние градиме за луѓето да имаат подобро здравје бидејќи ... ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ !

СЛЕДЕТЕ НÈ

Годината е 1983. Ако рекламата одеше пред централниот ТВ Дневник на Радио-телевизија Скопје во 19:30, децата ја сметаа за бонус цртан филм пред спиење 🙂 #АлкалоидСкопје #90години #ЗдравјетоПредСе

...

Посетете нè
На 24 април 2026 година „Алкалоид“ ги отвори своите врати за родителите и за учениците од третата парцијално дуална паралелка, кои оваа година го заокружуваат своето средно образование. Преку посета на лабораториите и на производствените капацитети присутните имаа можност да се запознаат со реалната работна средина и со практичната едукација со која се здобија учениците изминатиот период. Воедно, беа претставени и можностите за професионален развој и за градење кариера во рамките на „Алкалоид“, како дел од нашата долгорочна заложба за поддршка и развој на младите таленти. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè
Со задоволство го споделуваме нашето учество на неодамнешниот конкурс „Trash for Art“ организиран од колективниот постапувач со отпад ПАКОМАК. Минатиот месец градинки, училишта и поединци од сите возрасти доброволно учествуваа на овој отворен настан. Со помош на својата креативност тие создадоа инспиративни уметнички дела користејќи го отпадот од пакувањата на нашите производи, испраќајќи силна порака за одговорно постапување со отпадот и за заштита на животната средина. Длабоко сме благодарни за ентузијазмот, креативноста и за посветеноста што ги покажаа сите учесници. Како признание за нивниот исклучителен придонес, најистакнатите учесници ги наградивме со специјални пакети од асортиманот на нашите производи. Добитници: приватна градинка „Светот на Колорес“ Скопје, ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп, ООУ „Глигор Прличев“ Охрид и Живко Савевски. Искрено им благодариме на сите што учествуваа и ги охрабруваме да ја продолжат практиката на повторна употреба и рециклирање на отпадот во својот секојдневен живот. Како компанија посветено работиме на постојано подигнување на свеста кај нашите вработени, но и на поттикнување позитивни и одржливи промени во пошироките општествени структури. Веруваме дека преку вакви иницијативи можеме заеднички да придонесеме за поодржливо управување со отпадните материјали и за создавање подобра животна средина за идните генерации. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè
Ina Mnogufina Благодариме што нè потсети на заедништвото! Стилот е тој... дури и после 9 децении. 😊

...

Посетете нè

Страница специјално развиена за здравствени професионалци

Посетете не и пронајдете интересни и корисни содржини, збогатете ги своите знаења, и дознајте како понудените информации и алатки можат да ви помогнат во вашата секојдневна грижа за пациентите.