Хемикалии за индустриска намена


Со оваа група производи се опфатени хемикалиите за индустриска намена (производи за третман на патишта, адитиви за прехранбената индустрија и одмастувачи), кои се одликуваат со долга традиција на производство и на квалитет, во согласност со барањата и со потребите на пазарот. Тие се користат во процесите на производство во индустриите. Производствената програма е создадена во согласност со интерните стандарди и со стандардите за квалитет на ACS (American Chemical Society), FCC, FG, на ASTM, ISO и на други и со успешно остварената деловно-техничка соработка со светски познатите и признати фирми Merck, Johnson Mattey, Heineken и други. Производствената програма е во согласност со барањата на Закон за хемикалии, REACH, CLP и на GHS. Асортиманот, освен наведениот, е флексибилен и релативно бргу може да се развиваат нови производи.