11 дек. 2024 г.
Ви благодариме за нашето денес!
Почитувани наши пензионирани алкалоидовци,
Со вашата неуморна работа, посветеност и професионалност го втиснавте својот печат во речиси 90-годишното постоење и успешно работење на нашата компанија, трасирајќи го патот на раст и развој во глобална фармацевтска компанија.
Вие сте нераскинлив дел од приказната на АЛКАЛОИД, вашиот труд не е само дел од нашето минато – тој е инспирација за нашата сегашност и визија за иднината. Токму затоа, во духот на нашето мото Луѓето пред сѐ, посветени на грижата за човечкиот капитал, сакаме да искажеме искрена благодарност до вас и да ви покажеме дека сте важен дел од големото алкалоидово семејство. Вашите достигнувања не се само бројки или датуми во минатото, туку живи примери за вредностите што ги негуваме и што им ги пренесуваме на идните генерации.
Со цел обновување на Базата, заинтересираните пензионирани алкалоидовци можат да се пријават до 20.12.2024 година на тел. број 02/3104-129 или на marketingkomunikacii@alkaloid.com.mk.
Вие сте дел од нашето наследство, а вашето искуство и работење, вашата мудрост и вашите вредности остануваат наши столбови.
Ви благодариме за нашето денес!
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Fmk-logo.ad91bde9.jpg&w=640&q=75)