15 апр. 2025 г.


Следејќи ги трендовите на пазарот и реализирајќи ја нашата стратегија за континуиран развој, а во рамките на постојаните напори и посветената работа за проширување на палетата производи, со особено задоволство ве известуваме за лансирањето на најновиот производ во нашето производствено портфолио: SIWOPSI®.

 

SIWOPSI® е достапен во две јачини:

- SIWOPSI® 120.000 IU X 30 cps

- SIWOPSI® 250.000 IU X 30 cps

 

Производот е додаток во исхраната во форма на eнтерично обложени капсули, кој го содржи протеолитичкиот ензим серапептаза. Овој ензим има широк спектар на терапевтски примени во хирургијата, ортопедијата, вo оториноларингологијата, гинекологијата и во стоматологијата:

 

- влијае антиинфламаторно;

- ја ублажува болката;

- придонесува за намалување на отокот;

- го забрзува зараснувањето на раните;

- го олеснува исфрлањето на секретот.

 

Се употребува една капсула дневно 1 час пред оброк или 2 часа по оброк.