ЧЕТИРИ ГОДИНИ СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО НА „АЛКАЛОИД“ И СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

Hero Slide
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Главната цел на Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет, најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД вредна 3,1 милиони евра, е обезбедување највисоко ниво на контрола на микробиолошкиот квалитет на суровините, примарната амбалажа, полупроизводите и на готовите производи.

Hero Slide
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава.

Hero Slide
ФОНДАЦИЈАТА ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.


Hero Slide
ГОЛЕМИТЕ ПРИКАЗНИ НА МАЛИТЕ ХЕРОИ – БЕКУТАН Конференција по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња
Преку искрени сведоштва и инспиративни разговори, експерти, родители и јавни личности испратија единствена порака: грижата за предвремено родените бебиња не е само медицински процес – тоа е животна мисија исполнета со храброст, надеж и со безрезервна љубов.
Hero Slide

ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИИТЕ


АЛК
arrow

Податоци за акциите

Цена *

23,485.48

Промена *

0.59%

Извор: mse.mk *10 минути задоцнување на резултатите

ВЕСТИ


Rezultati od rabotenjeto_januari_septemvri 2025 godina-03.jpg

АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – септември 2025 година

Прочитај повеќе

АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – март 2025 година

Прочитај повеќе

АЛКАЛОИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД ШТИП ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Прочитај повеќе

Успешната приказна на „Алкалоид“ пред новите студенти по фармација на УКИМ

Прочитај повеќе

Производи

ФАРМАЦИЈА

Луѓето градат високо - за да можат да гледаат подалеку.
Луѓето градат заедно - за да можат да бидат поблиски.
Луѓето градат цврсто - за да можат да се чувствуваат. побезбедно. Ние градиме за луѓето да имаат подобро здравје бидејќи ... ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ !

СЛЕДЕТЕ НÈ

Четврт век во „Алкалоид“ е приказна за континуитет и заеднички раст. Нашиот колега Христијан Крстевски годинава одбележува 25 години во компанијата. Започнал во 2001 година во Одделот за вагање и подготовка, а денес ја извршува улогата на сменоводител во истиот сектор. Од самиот почеток, поддршката од тимот му овозможила сигурен почеток и брза интеграција. Низ годините континуирано учел и професионално се усовршувал, следејќи го развојот на технологиите, процесите и стандардите. Посветеноста, тимската работа и квалитетот се дел од неговото секојдневие и придонесуваат за долгорочниот развој на „Алкалоид“. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè
Водени од одговорноста и од посветеноста на здравјето на заедницата, АЛКАЛОИД донираше средства за дезинфекција на Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje како поддршка за граѓаните на Гостивар, кои се соочуваат со актуелната епидемиолошка ситуација. Донираните средства ќе бидат наменети за лицата во социјален ризик во домашни услови, како и за потребите на здравствените установи во градот. Со оваа донација, како дел од својата општествена одговорност, АЛКАЛОИД дава придонес во поддршката на заедницата во моменти кога е тоа најпотребно. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

...

Посетете нè
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? Капењето е првиот чекор во негувањето на чувствителната кожа. Маслената купка Becutan Sensitive – Head to toe cleansing baby oil е создадена за особено чувствителна кожа и обезбедува нежна нега уште од првиот допир. Формулирана со внимателно избрана комбинација на природни растителни масла од соја, сончогледово масло, семки од грозје и маслиново масло, нежно ја чисти кожата, притоа помагајќи ѝ да ја задржи природната мекост. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè
Како дел од својата посветеност на образованието, практичната настава и развојот на млад кадар, „Алкалоид“ АД Скопје изминатиот период успешно реализираше повеќе едукативни развојни активности во соработка со високообразовни институции во земјава. Преку организирани посети на производствените погони и лабораториите, како и преку практична настава и вежби, повеќе од 200 студенти имаа можност непосредно да се запознаат со современите производствени и лабораториски процеси, како и со работата во тренинг-лабораторијата на компанијата. Активностите беа реализирани во соработка со: - Фармацевтскиот факултет при УКИМ, - Институтот за хемија на ПМФ при УКИМ, - Институтот за биологија на ПМФ при УКИМ, - Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Со ваквите иницијативи компанијата продолжува активно да ја поддржува поврзаноста меѓу академската заедница и индустријата, создавајќи можности за практично усовршување, размена на знаења и за подготовка на идните генерации професионалци. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

...

Посетете нè

Страница специјално развиена за здравствени професионалци

Посетете не и пронајдете интересни и корисни содржини, збогатете ги своите знаења, и дознајте како понудените информации и алатки можат да ви помогнат во вашата секојдневна грижа за пациентите.