Дуалното образование е комбиниран систем на учење во училиште и учење преку работа во компанија, преку кој учениците се здобиваат со знаења и вештини потребни за одреден профил. Овој систем се базира на тесната соработка меѓу образовните институции и компаниите. Во 2021 година, во соработка со средното стручно училиште СМУГС ,,д-р Панче Караѓозов“ Скопје, беше формирана првата парцијално дуална паралелка со назив Фармацевтски техничар во фармацевтската индустрија. Во 2024 година компанијата ја прошири оваа соработка и со средното хемиско училиште СУГС „Марија Кири Склодовска“ Скопје.
Учениците од оваа паралелка се здобиваат со теоретски знаења во рамките на училиштата, како и со практично искуство во производствените погони и во тренинг-лабораторијата во склоп на Тренинг-центарот Лафома на „Алкалоид“. Оваа паралелка изучува специјално креирана наставна програма приспособена за вработување во фармацевтската индустрија и е наменета за учениците во трета и во четврта година средно стручно образование. Целта на оваа наставна програма е остручување на младиот кадар на полето на фармацевтската индустрија, со што младите би се вклучиле во работниот процес како техничари и оператори во лабораториите и во производствените погони на „Алкалоид“ веднаш по завршувањето на средното образование.
Можност за упис во оваа паралелка имаат сите ученици од насоката Фармацевтски техничар од училиштата СМУГС ,,д-р Панче Караѓозов“ Скопје и СУГС „Марија Кири Склодовска“ Скопје кои завршиле втора година.
Досега 44 ученици имаат завршено во парцијално дуалните паралелки на „Алкалоид“, од кои 54,5 % се вработени во лабораториите и во производствените погони на компанијата.
ВРАБОТУВАЊА ВО АЛКАЛОИД
Досега 44 ученици имаат завршено во парцијално дуалните паралелки на „Алкалоид“, од кои 54,5 % се вработени во лабораториите и во производствените погони на компанијата.
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Fmk-logo.ad91bde9.jpg&w=640&q=75)