25 окт. 2023 г.
Алкалоид доби признание за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023 година
Со настан реализиран во организација на Советот за БЗР и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа под наслов „Безбедност и здравје при работа во дигиталната ера“, која има цел да го зголеми знаењето за важноста на безбедноста и здравјето при работа во новото време на експанзивни дигитални промени.
Како компанија која постојано вложува во унапредување на системот за БЗР, Алкалоид ги следи сите работни процеси и ги имплементира најдобрите практики за зачувување на здравјето на вработените, посебно користејќи ги придобивките од дигитализацијата и од дигиталните технологии, што резултира во безбедна работна средина и во широко препознаена и наградена заложба за безбедност и здравје при работа.
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Fmk-logo.ad91bde9.jpg&w=640&q=75)