Политика за приватност и Услови за користење на Апликацијата „Алкалоид Музеј“
Контролор:
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
Бул. Александар Македонски 12,
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Оваа Политика за приватност и Услови за користење ви обезбедува детални информации за обработката на личните податоци во нашата апликација „Алкалоид Музеј“ (во натамошниот текст: „Апликација“) и е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник, број 42 од 16.2.2020 година.
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Целта на оваа Апликација е да им обезбеди на корисниците функционалности како што се 360° виртуелна тура низ музејот на АЛКАЛОИД и доставување историски податоци за развојот на компанијата, информации за профитните центри на АЛКАЛОИД, вклучувајќи ги клучните брендови во секој сегмент, информирање на корисниците за новата содржина достапна во Апликацијата и испраќање промотивни пораки поврзани со производите на АЛКАЛОИД.
Целосната одговорност за користењето на услугите на оваа Апликација ја сносите лично. АЛКАЛОИД експлицитно одбива одговорност за каква било директна, индиректна или последователна штета која произлегува од пристапување, користење или неможност за користење на Апликацијата, како и за оштетување на вашиот уред или кој било друг имот, до степен дозволен со применливиот закон. АЛКАЛОИД одбива секаква одговорност за каква било штета предизвикана од директно или индиректно постапување или непостапување што сте го презеле врз основа на информациите, услугите или содржината на оваа Апликација.
Оваа Апликација содржи материјали, вклучувајќи текст, заштитни знаци, фотографии, филмови, PDF-документи и други слики и звук, кои се заштитени со авторски или други права на интелектуална сопственост. Овие права се сопственост на АЛКАЛОИД или се лиценцирани од носителите на авторските права за да се користат како дел од оваа Апликација. Секое репродуцирање, пренесување, копирање, репликација или користење на овие материјали не е дозволено без писмена дозвола од АЛКАЛОИД. Барањето за користење треба да го испратите до АЛКАЛОИД на следнава електронска адреса: marketingkomunikacii@alkaloid.com.mk .
Оваа Апликација е наменета за користење од страна на полнолетни лица и ние свесно не прибираме лични податоци од деца или малолетници. Доколку имате причина да верувате дека дете или малолетник ја користи Апликацијата, ве молиме контактирајте нѐ и ние ќе настојуваме веднаш да ги избришеме тие информации од нашите бази на податоци, на следнава електронска адреса: marketingkomunikacii@alkaloid.com.mk .
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. "Александар Македонски" бр. 12 1000 Скопје за офицерот за заштита на лични податоци или на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци: dpo@alkaloid.com.mk
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
• име на веб-страницата на која се повикувате;
• ваша врска и интеракција со нас и
• опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност повремено може да се менува.
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.
Датум на последната измена 04.11.2025, Скопје