OTHER NEWS
VIDEO GALLERY
Обраќање на Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје
Новогодишно обраќање до вработените на компанијата од страна на Генералниот директор/Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
New Year’s Address to the company employees from CEO/MB President, Zhivko Mukaetov.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство – Билка
Во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид“ ја реализиравме третата посета, овојпат во Производство – Билка.
Нашите мали истражувачи, децата на вработените, ги посетија производствените простори и се запознаа со магијата на чаевите! Заедно со родителите, тие ја искусија авантурата на производствениот процес – од свежи билки до омилените чаеви.
Облечени како вистински мали билкари, децата создаваа свои билни мешавини, пакуваа чаеви и учеа преку игра. Набљудувајќи го светот на науката и технологијата се поттикнаа нивната креативност и љубопитност.
„Алкалоид“ продолжува да ги одржува мостовите на блискост јакнејќи ја доверба со вработените и негувајќи ја корпоративната култура на грижа и посветеност на семејните вредности.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Институт за истражување и развој
Магијата на науката и истражувањето низ детските очи!
При четвртата посета од проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“, децата на вработените го посетија Институтот за истражување и развој и низ интерактивна и анимирана прошетка се запознаа со магичниот свет на фармацевтските иновации. Нивната љубопитност, насмевките и прашањата беа вистинска инспирација за нашите вработени!
Во „Алкалоид“ грижата за вработените и нивните семејства е дел од корпоративната ДНК.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство Фармација
Ја реализиравме и петтата посета од проектот „Децата на вработените го истражуваат Алкалоид“, пречекувајќи нова група ентузијастични млади посетители желни да го истражат фасцинантниот свет на фармацевтското производство.
Децата на вработените имаа уникатна можност да ги разгледаат производствените сали и да се запознаат со процесите на производство и пакување на фармацевтските производи. Под будното око на нашиот стручен тим, тие изведуваа контролни мерења, мешаа препарати во стаклени садови, лепеа етикети и редеа кутии – како вистински мали научници и лаборанти.
По инспиративниот едукативен дел, кој ја разбуди нивната имагинација и научна љубопитност, посетата продолжи на отворено, каде ги дочекаа катчињата за игра, цртање, спорт и освежување. Смеејќи се и дружејќи се, дечињата создадоа нови пријателства и незаборавни спомени.
Преку овој проект, „Алкалоид“ активно ги негува семејните вредности и ја одржува корпоративната традиција на грижа за своите вработени.
...
FOLLOW US
Како дел од јубилејот 90 години „Алкалоид“, се враќаме на корените на погонот Билка, чија приказна започнува во 1966 година со интеграцијата на претпријатието за откуп на лековити билки од Скопје.
Оттогаш до денес Билка ја негува врската со природата преку внимателно избраните билки, традиционалното и професионално познавање на лековитите билки и преку соработката со домашни билкособирачи, како живо наследство на една дејност што се одржува и трае со децении.
Со богатото портфолио и присуството на голем број пазари, Билка денес претставува спој на традиција, квалитет и на современи стандарди вградени во 90-годишната приказна на „Алкалоид“.
Природата како инспирација – континуитетот како вредност.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...
Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, беше дел од бизнис-средбата меѓу Македонија и Хрватска, организирана во присуство и со поддршка на владите на двете земји, на која водечките македонски и хрватски компании ги презентираа можностите за унапредување на економската соработка и за воспоставување нови деловни партнерства.
Хрватска е традиционален пазар на „Алкалоид“ АД Скопје, каде што нашето работење датира уште од шеесеттите години на минатиот век. Нашата подружница во Загреб денес брои околу 60 вработени и функционира преку два ентитети: тим за хрватските операции и правна служба задолжена за целата Европска Унија. Пласманите на „Алкалоид“ во Хрватска во 2025 година изнесуваа 21 милион евра, а производното портфолио за хрватскиот пазар опфаќа производи од сегментот фармација, козметика и билкарство, меѓу кои се добро познатите брендови како Кафетин, Прокулин, Бекутан и многу други.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...
Три и половина децении континуирана посветеност се реткост, а претставуваат силна вредност за секоја компанија. Нашиот колега Коста Костов годинава ја одбележува својата 35-годишна професионална приказна во „Алкалоид“.
Неговиот пат е дел од колективниот развој на компанијата – период обележан со технолошки напредок, растечки регулаторни стандарди и зголемена одговорност, но и со јасна ориентираност кон квалитетот и сигурноста. Во текот на сиве овие промени фокусот останал ист: доверба, прецизност и длабоко чувство дека секој процес има реално влијание врз пациентите.
Професионалниот интегритет, високата работна етика и почитта спрема тимската соработка се вредности кои го следат Коста сиве овие години и кои се темел и на неговиот личен придонес и на стабилноста на „Алкалоид“.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
Дали знаевте дека пигментните дамки ретко исчезнуваат сами? Но вистинскиот крем не само што ги намалува постојните пигментни дамки туку и спречува да се појават нови. Антипигментен крем Black Up со СПФ50 – затоа што рамномерниот тен е знак на здрава, негувана и секојдневно заштитена кожа.
Воведете ја оваа мала рутина секое утро и забележете огромна промена.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
Обраќање на Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје
Новогодишно обраќање до вработените на компанијата од страна на Генералниот директор/Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
New Year’s Address to the company employees from CEO/MB President, Zhivko Mukaetov.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство – Билка
Во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид“ ја реализиравме третата посета, овојпат во Производство – Билка.
Нашите мали истражувачи, децата на вработените, ги посетија производствените простори и се запознаа со магијата на чаевите! Заедно со родителите, тие ја искусија авантурата на производствениот процес – од свежи билки до омилените чаеви.
Облечени како вистински мали билкари, децата создаваа свои билни мешавини, пакуваа чаеви и учеа преку игра. Набљудувајќи го светот на науката и технологијата се поттикнаа нивната креативност и љубопитност.
„Алкалоид“ продолжува да ги одржува мостовите на блискост јакнејќи ја доверба со вработените и негувајќи ја корпоративната култура на грижа и посветеност на семејните вредности.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Институт за истражување и развој
Магијата на науката и истражувањето низ детските очи!
При четвртата посета од проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“, децата на вработените го посетија Институтот за истражување и развој и низ интерактивна и анимирана прошетка се запознаа со магичниот свет на фармацевтските иновации. Нивната љубопитност, насмевките и прашањата беа вистинска инспирација за нашите вработени!
Во „Алкалоид“ грижата за вработените и нивните семејства е дел од корпоративната ДНК.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство Фармација
Ја реализиравме и петтата посета од проектот „Децата на вработените го истражуваат Алкалоид“, пречекувајќи нова група ентузијастични млади посетители желни да го истражат фасцинантниот свет на фармацевтското производство.
Децата на вработените имаа уникатна можност да ги разгледаат производствените сали и да се запознаат со процесите на производство и пакување на фармацевтските производи. Под будното око на нашиот стручен тим, тие изведуваа контролни мерења, мешаа препарати во стаклени садови, лепеа етикети и редеа кутии – како вистински мали научници и лаборанти.
По инспиративниот едукативен дел, кој ја разбуди нивната имагинација и научна љубопитност, посетата продолжи на отворено, каде ги дочекаа катчињата за игра, цртање, спорт и освежување. Смеејќи се и дружејќи се, дечињата создадоа нови пријателства и незаборавни спомени.
Преку овој проект, „Алкалоид“ активно ги негува семејните вредности и ја одржува корпоративната традиција на грижа за своите вработени.
...
Како дел од јубилејот 90 години „Алкалоид“, се враќаме на корените на погонот Билка, чија приказна започнува во 1966 година со интеграцијата на претпријатието за откуп на лековити билки од Скопје.
Оттогаш до денес Билка ја негува врската со природата преку внимателно избраните билки, традиционалното и професионално познавање на лековитите билки и преку соработката со домашни билкособирачи, како живо наследство на една дејност што се одржува и трае со децении.
Со богатото портфолио и присуството на голем број пазари, Билка денес претставува спој на традиција, квалитет и на современи стандарди вградени во 90-годишната приказна на „Алкалоид“.
Природата како инспирација – континуитетот како вредност.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...
Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, @zhivkomukaetov, беше дел од бизнис-средбата меѓу Македонија и Хрватска, организирана во присуство и со поддршка на владите на двете земји, на која водечките македонски и хрватски компании ги презентираа можностите за унапредување на економската соработка и за воспоставување нови деловни партнерства.
Хрватска е традиционален пазар на „Алкалоид“ АД Скопје, каде што нашето работење датира уште од шеесеттите години на минатиот век. Нашата подружница во Загреб денес брои околу 60 вработени и функционира преку два ентитети: тим за хрватските операции и правна служба задолжена за целата Европска Унија. Пласманите на „Алкалоид“ во Хрватска во 2025 година изнесуваа 21 милион евра, а производното портфолио за хрватскиот пазар опфаќа производи од сегментот фармација, козметика и билкарство, меѓу кои се добро познатите брендови како Кафетин, Прокулин, Бекутан и многу други.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...
Три и половина децении континуирана посветеност се реткост, а претставуваат силна вредност за секоја компанија. Нашиот колега Коста Костов годинава ја одбележува својата 35-годишна професионална приказна во „Алкалоид“.
Неговиот пат е дел од колективниот развој на компанијата – период обележан со технолошки напредок, растечки регулаторни стандарди и зголемена одговорност, но и со јасна ориентираност кон квалитетот и сигурноста. Во текот на сиве овие промени фокусот останал ист: доверба, прецизност и длабоко чувство дека секој процес има реално влијание врз пациентите.
Професионалниот интегритет, високата работна етика и почитта спрема тимската соработка се вредности кои го следат Коста сиве овие години и кои се темел и на неговиот личен придонес и на стабилноста на „Алкалоид“.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
Октомври 2007 година го означи клучниот исчекор на „Алкалоид“ кон европските пазари.
По добивањето на сертификатот EU-GMP од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Обединетото Кралство (MHRA), следуваа првите одобренија за пласман на лекови на пазарите во Европската Унија.
Од првичните две одобренија до повеќе од 200 авторизации на европските пазари во 2016 година, бројот на регистрирани производи во 2026 година надмина 1000.
Приказната за „Алкалоид“ прерасна во приказна за континуиран раст, меѓународна доверба и за фармацевтско производство усогласено со највисоките светски стандарди.
#АлкалоидСкопје #90години #ЗдравјетоПредСе
...




